Бугарија е на дното во ЕУ според приходи по глава на жител

Бугарија е на последно место по просечен годишен приход по човек во Европската унија, а Унгарија е едно место над таа држава, јавија бугарските медиуми повикувајќи се на податоци од Евростат.

Бугарија е на дното на рангирањето – за 12 месеци работникот во таа држава добива во просек по 10.300 евра.

Просечниот годишен приход по лице во Европската унија за 2021 година е околу 33.000 евра. Лидер во рангирањето е Луксембург, каде просечниот годишен приход е 72 илјади евра. Првата тројка ја комплетираат Данска – 63.000 евра и Ирска – 50.000 евра годишен приход.

Романија е пред Унгарија по овој показател. Во Романија приходите од плати годишно се во просек по 13 илјади евра, а во Унгарија – 12.600 евра.

Според Евростат, останатите цифри се – Полска (14.431 евра), Грција (15.879 евра), Словачка (16.162 евра) и Хрватска (16.169 евра).

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close