Бугарија уништува големи количини вакцини против Ковид, им истече рокот

Бугарија уништува големи количества вакцини со истечен рок и не планира да ги надополни своите резерви, рече бугарскиот министер за здравство, Асен Междиев.

„Во моментов нема луѓе кои сакаат да се вакцинираат“, изјави во интервју за државната телевизија Междиев, кој е привремен министер за здравство.

Веќе се уништени „огромни количини“ вакцини со поминат рок, а оваа година треба да се уништат дополнителни 2,8 милиони дози, рече тој, пренесуваат бугарските медиуми.

Междиев рече дека и пренел на Европската комисија дека Бугарија сака да го прекине договорот со BionTech и Pfizer, според кој неговата земја е обврзана да купи вакцина против коронавирусот до 2025 година.

Овој став е поддржан од Полска, Чешка и Литванија, рече тој.

Бугарија има најниска стапка на вакцинација во Европската унија. Само 30 проценти од 6,5 милиони население имаат основна имунизација против вирусот, покажуваат официјалните податоци. Во таа земја нема задолжителни заштитни мерки против вирусот од средината на ноември 2022 година

Back to top button
Close