Бугарскиот Парламент гласаше во рок од еден месец, владата да поднесе предлог-одлука за обезбедување воена и воено-техничка поддршка за Украина

Во период до еден месец бугарската Влада да достави до Националното собрание предлог-одлука за обезбедување воена и воено-техничка поддршка на Украина, како придонес кон општите напори на меѓународната заедница да и помогне на жртви на агресија, во согласност со бугарските можности, гарантирајќи ја безбедноста и заштитата на населението.

Тоа го изгласа денеска бугарскиот Парламент.

Одлуката за воена и воено-техничка поддршка на Украина и зајакнување на одбранбените капацитети на Бугарија ја поддржаа 175 пратеници, 49 беа против, а еден беше воздржан

Back to top button
Close