Бугарскиот парламент во мат – не може да регистрира пратеничко прашање – како Дешо, учесник во крвавиот четврток престојувал во Бугарија

Администрацијата на бугарскиот парламент трет ден не може да регистрира и да испрати прашање до министерот за внатрешни работи Илков, поставено преку правото на собраниска контрола од пратеникот Мартин Димитров, од ПП-ДБ.

Прашањето беше предизвикано од објавите во бугарските и македонските медиуми дека пред 10 дена Дејан Давидовски-Дешо, кој седум години го бара Интерпол со меѓународна потерница, им се предаде на македонските власти на граничниот премин Деве Баир при влез во Република Македонија од Бугарија

Конкретното прашање на Мартин Димитров до министерот за внатрешни работи гласи: „Како лицето Дејан Давидовски поминало и/или престојувало низ територијата на Бугарија и какви дејствија презело МВР?

За Фактор.бг пратеникот ја коментира жешката тема: „Откако Брендо и браќата Галеви влегоа и излегоа од Бугарија како што сакаа, сега имам информации дека поминал и Дејан Давидовски кој се бара со меѓународна потерница. Поставив прашање до МВР и се чудам како да се кријат од темата. Прашањето со денови стои на веб-страницата на Народното собрание со натпис – „во процес на обработка“…

„Одговорете, нема каде да се криете“, иронично предупреди Мартин Димитро И македонските медиуми тврдат дека очекуваат одговори од Бугарија, но во оваа фаза институциите молчат.

Back to top button
Close