Царовска на средба со претставници на ХИВ платформата

– Мила Царовска, носителка на листа на пратеници во ИЕ 1, попладнето имаше средба со претставници на ХИВ Платформата, на која се дискутираше за досега направеното и новите предизвици за превенција од ХИВ и спречување и преку навремено преземени мерки за спречување на епидемија.

Царовска рече дека превентивните програми за ХИВ за првпат се финансирани од Владата предводена од СДСМ и со иста заложба ќе продолжиме и во наредниот период.

-Соработката со граѓанските организации и нивното мислење и препораки ни се многу важни во креирањето на понатамошните мерки и политики во борбата против ХИВ. Со заедничка заложба можеме да направиме многу за навремена превенција од ХИВ преку обезбедување на квалитетна терапија, рече Царовска. сст/

Back to top button
Close