Цела комисија што предложила Сотирија Дувлис да биде вонредна професорка по имунологија е казнета со по 1.000 евра од Просветниот инспекторат, а нејзиниот избор не е поништен – Универзитетот ги оспорува наодите
Вонредната професорка Сотирија Дувлис, која на студентите по медицина на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип им предава имунологија, била избрана во звањето „вонреден професор по имунологија“ со докторат од областа на фармацијата, а во рецензентската комисија што ја предложила за вонреден професор имало само еден имунолог, наспроти законски предвидените двајца, констатираше Државниот просветен инспекторат на записник од вонреден инспекциски надзор за нејзиниот избор во звањето.

Инспекторатот, според наведеното во записникот – ги казнил со глоба од 1.000 евра сите членови на рецензентската комисија зашто, според наведеното, предложиле кандидатка што не ги исполнува условите.
…






