Целосна листа на 1400-те академици кои даваат поддршка на студентите во Србија
Околу 1400 наставници, соработници и истражувачи од универзитетите во Србија потпишаа писмо за поддршка на студентите, нагласувајќи дека решително стојат „со своите студенти во заедничка борба за подобро општество“.
„Остро го осудуваме секој обид на власта да ги заплаши нашите колешки и колеги со јавно споделување на нивните приватни податоци, ширење невистини за нив, како и со испраќање полициски службеници и агенти на Безбедносно-информативната агенција на нивните адреси и адресите на нивните родители“, се наведува во соопштението, со апел до надлежните органи совесно и одговорно да си ја извршуваат својата работа.
Меѓу потписниците се професори и соработници од Универзитетот во Белград, Универзитетот во Нови Сад, Универзитетот во Ниш, Универзитетот во Крагуевац, Универзитетот за уметности во Белград, Универзитетот во Приштина со привремено седиште во Косовска Митровица, како и други универзитети.
Сите потписници на писмото за поддршка може да се најдат овде.