Цените на бензинот во САД на највисоко ниво во изминатите речиси четири години

Просечната цена на бензинот во САД се искачи на 4,51 долари за галон, што е највисоко ниво од јули 2022 година, покажаа податоците на компанијата „GasBuddy“.
Растот на цените се поврзува со продолжувањето на конфликтот во Иран и нарушувањата во Ормуската Теснина, клучен правец за глобален транспорт на нафта каде сообраќајот е ограничен. Според наводите на „GasBuddy“, цената на бензинот пораснала за 21 цент за галон во споредба со минатата недела, додека од почетокот на конфликтот на крајот на февруари е поскапа за повеќе од 1,5 долари по галон.
Главниот аналитичар на компанијата, Патрик Дехан, предупреди дека цените би можеле да продолжат да растат поради ниските резерви и неизвесноста на пазарот.
– Резервите на бензин во САД веќе се на повеќегодишни сезонски минимуми, што значи дека цените ќе се соочат со уште поголем притисок за раст – рече Дехан.






