Централен регистар: Ако бугарските клубови до денеска не поднесат барање за смена на имињата, ќе бидат избришани

Премиерот денеска изјави дека причините за неиздавањето на еврообврзницата се процедурални и дека не станува збор за тоа дали некој сакал или не сакал да го потпише мислењето за нејзино издавање, туку дека има ден кога се потпишува за издавање еврообврзница, а министерот за правда тој ден бил во оставка поради реконструкцијата на Владата

Неиздавањето на еврообврзницата со која земјава требаше да се задолжи 600 милиони евра на меѓународниот пазар на капитал, според премиерот Димитар Ковачевски нема да влијае негативно на кредитниот рејтинг на С Македонија, бидејќи таа не е издадена од процедурални причини поврзани со реконструкцијата на Владата.

Имено, еврообврзницата не беше издадена бидејќи министерот за правда Никола Тупанчески, кој е во оставка поради реконструкцијата на Владата, не го потпишал мислењето, поради што ќе се чека на неговото место да седне кадарот на Алијанса за Албанците, Кренар Лога, за да се реализира постапката.

„Не може да влијае негативно на кредитниот рејтинг бидејќи уште во текот на вчерашниот и завчерашниот ден Министерството за финансии и Секторот за меѓународни финансии објаснија дека причините се процедурални, а тоа е што ние имаме реконструкција на Влада која е согласно Устав и закон на државата, меѓутоа според Устав и закон е и пратениците во Собранието да се пријават сите за дискусија, така што не е ограничена дискусијата како за избор на Влада. Вчера беше информирана и инвеститорската јавност преку ‘Блумберг’, при што вие знаете дека два и пол пати беше поголема понудата на финансиски средства во однос на она што ние го баравме преку еврообврзницата на аукцијата“,

 

изјави Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања, кој денеска беше на пуштање на детска градинка во општина Ѓорче Петров.

Штом ќе биде завршена реконструкцијата, истакна премиерот, аукцијата за еврообврзницата ќе биде повторена и ќе биде, како што рече, подеднакво успешна како и претходната.

 

Ковачевски, одговарајќи на дополнително прашање, повтори дека причините се процедурални и дека не станува збор за тоа дали некој сакал или не сакал да потпише.

 

„Министер во оставка на тој ден не може да ја потпише бидејќи има ден кога се потпишува при издавање на еврообврзница“рече Ковачевски.

Директорот на Светска банка во Северна Македонија, Масимилијано Паолучи, во врска со ова прашање беше краток и наведе дека постојат доволно достапни средства на пазарот кои можат да се искористат на соодветен начин.

„Задачата на Светска банка е намалување на сиромаштијата и заеднички просперитет. Освен тоа, сакам да кажам дека постои доволна ликвидност, доволно достапни средства на пазарот кои можат да се искористат на соодветен начинрече Паолучи.

Од Министерството за правда денеска преку писмено соопштение појаснија дека Тупанчески немал право да стави потпис на правното мислење за издавање на еврообврзницата бидејќи барањето од Министерството за правда било примено во Правда два дена откако му беше констатирана оставката во Собранието.

„Ве информираме дека министерот за правда Никола Тупанчески до Владата поднесе оставка од функцијата на 10.02.2023 година. Собранието ја констатира оставката и престанокот на функцијата министер за правда на седница на 13.02.2023 година. Од 14.02.2023 година, Никола Тупанчески е во работен однос на Правниот факултет ,,Јустинијан Први”. Барањето од Министерството за финансии за потпишување на правно мислење за еврообврзницата е примено во Министерството за правда на 15.02.2023 година. Со оглед на тоа што Тупанчески не е министер за правда од 13 февруари, тој нема право да стави потпис како министер“, се наведува во соопштението од Министерството за правда.

 

За новата еврообврзница ќе се чека новиот министер за правда, Тупанчески не ја потпишал пред да замине

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ случајот со еврообврзницата го оцени како непромислен потег на власта и од партијата побараа некој да сноси одговорност за тоа.

Потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриевска-Кочоска, рече дека парите од оваа еврообврзница се користат како оправдување зошто докторите чекаат да земат плата.

Собраниската седница за избор на Кренар Лога и на останатите нови министри започна во понеделникот, меѓутоа и по четири продолженија, од кои последното е во тек, расправата сè уште се наоѓа на првата точка – разрешување на досегашните министри од редовите на Алтернатива, по предлог на Ковачевски. По оваа, втора точка е разрешувањето на заменик-министрите, па дури трета точка е именувањето на новите министри.

 

 

Back to top button
Close