Њујорк тајмс: Иранска закана го принуди Трамп да го смени претседателскиот авион на враќање од Самитот на НАТО во Анкара

Американскиот претседател Доналд Трамп на враќање од Самитот на НАТО во Туција го смени авионот поради закани од групи поврзани со Иран, објави Њујорк тајмс.

Трамп пристигна на самитот на НАТО во Анкара што се одржа на крајот на јуни со авион „Боинг 747-8“ обезбеден од Катар. Авионот сè уште нема напредни одбранбени капацитети како постарите претседателски авиони, пишува американскиот весник.

По откривањето на заканата, безбедносните служби одговорни за заштита на претседателот препорачаа тој да се врати во САД со стариот претседателски авион Ер Форс Уан.

Сепак, собраните разузнавачки информации не го идентификуваа конкретно катарскиот авион како потенцијална цел, туку секој авион што го превезува Трамп.

Белата куќа не ги коментираше овие информации.

Планирано е новиот авион привремено да биде повлечен од употреба на есен за да добие дополнителна опрема.

Американската администрација тврди дека авионот, подарок од Катар, е „совршено безбеден“ за претседателски патувања.

Back to top button
Close