Чави за Де Јонг: Постојат правила што мораме да ги почитуваме

 

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, повтори дека холандскиот репрезентативец Френки де Јонг не е во плановите на каталонскиот клуб за новата сезона.

Барселона мора да продаде неколку фудбалери за да го испочитува финансискиот ферплеј, бидејќи само на тој начин може да ги регистрира новите засилувања.

– Веќе разговарав со Френки и знае колку го ценам. Тој е клучен играч, но постојат правила што мора да се почитуваат. Во овој случај тоа е финансискиот ферплеј, рече Чави.

Барселона претходно се договори со Манчестер јунајтед за трансфер на Де Јонг, но холандскиот репрезентативец одби да се пресели на „Олд Трафорд“ и сака да остане во каталонскиот клуб, чиј дрес го носи од 2019 година.

Back to top button
Close