Чави за победата над Севилја: Имавме шанси да постигнеме повеќе голови

Тренерот на Барселона Чави го пофали својот тим за изданието на синоќешниот натпревар со Севилја на гостински терен.
Каталонците победија со 3:0 во дуел од 4. коло на шампионатот на Шпанија во меч во кој доминираа.
– Чувствата се позитивни. Но, немаме доволно одмор и ни треба. Првите 15 минути тргнавме малку лошо. Потоа, ја видовме величествената Барса. Од 20. минута доминиравме. Ми се допаѓа позиционата игра, но играа и нашите противници. Го префрливме тежиштето на играта на противничката половина од теренот. Беше многу добра наша тимска игра, имавме шанси да постигнеме повеќе голови. Треба да го искористиме максимумот. Победата овде е добар знак. Ние сме во добра позиција. Се подобривме, но ова е трка на долги патеки. Рано е да се зборува за некои работи. Мора да бидеме воздржани, изјави Чави за „Марка“.
По овој натпревар Барселона стигна до 10 бода и се искачи на второто место во поредокот. Севилја е само со еден бод на 17. место.