Чековски нов тим-менаџер на македонската сениорска репрезентација

Поранешниот македонски репрезентативец Ѓорѓи Чековски е нов тим-менаџер на машката сениорска репрезентација.

– Поранешниот македонски репрезентативец и член на најславната селекција на Македонија која во 2011 година го освои четвртото место на Евробаскетот во Литванија, е назначен на функцијата на три дена пред првиот натпревар на македонската репрезентација во претквалификациите за Европското првенство во 2025 година, против Данска во Нествед, соопшти кошаркарската федерацијата на својот официјален сајт.

Ова е своевидно враќање на 43-годишниот Чековски во кошарката по неколкумесечна пауза, откако на почетокот од годинава си замина од Работнички каде работеше како спортски директор.

На терените, како професионалец, Чековски беше повеќе од две децении. Почна во Работнички под водство на Марин Докузовски, а играше и во Алумина, Слован, Приштина, Академик, Черкаски Мавпи, Фени Индустри, Феро и МЗТ Скопје.

Back to top button
Close