Челзи се договори со Стерлинг

epa09893059 Manchester City’s Raheem Sterling ahead of the English FA Cup semi final match between Manchester City and Liverpool at Wembley Stadium, London, Britain, 16 April 2022. EPA-EFE/VINCENT MIGNOTT

Челзи и Манчестер сити го договорија трансферот на Рахим Стерлинг. Според „Телеграф“ крилниот напаѓач ќе се пресели во лондонскиот клуб за 47,5 милиони фунти, а уште 2,5 милиони би можеле да бидат исплатени како бонуси.

Договорот со фудбалерот ќе биде на пет години со можност за продолжување на уште една сезона.

Англичанецот ќе добива повеќе од 300 илјади фунти неделно – најмногу во клубот. Тој ќе влезе во топ 3 во Премиер лигата според висина на платата.

„Атлетик“, пишува дека лондонци веќе работат на организирање медицински прегледи за Стерлинг во Лондон, а доколку се биде добро, тој ќе му се приклучи на новиот тим за време на турнеја во САД.

Back to top button
Close