Честитка од Заев по повод празникот: Свети Климент е жив паметник на нашата историјата

 

Со Свети Климент Охридски се поврзани и почетоците на македонската писменост и јазик

Премиерот Зоран Заев упати честитка до сите православни верници и до Синодот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, по повод големиот христијански празник – Св. Климент Охридски, основоположник на македонската духовност и патрон на МПЦ – ОА.

„Како еден од најблиските и најревносните соработници и учесници во мисијата на светите браќа Кирил и Методиј во Моравија за описменување на словенските народи, останал доследен на обврската што ја чувствувал да ги продолжи мисијата и делото на неговите учители, преку продлабочување и унапредување на духовната и просветната дејност.

Свети Климент, како голем човек и силна личност, е жив паметник на нашата историјата и како основач на Охридската школа, позната и како „прв балкански и европски универзитет“. Записите велат дека низ оваа школа минале околу 3 500 ученици. Тоа е импозантен број за тогашните, а секако и за денешните времиња. Тоа сведочи и за исклучителните организациски, но и обединувачки способности на светиот учител од Охрид во духот на христијанското заедништво.

Со Свети Климент Охридски се поврзани и почетоците на македонската писменост и јазик, и затоа по него денес се именувани универзитети, факултети, училишта“, напиша Заев на својот фејсбук-профил.

Back to top button
Close