Четиринаесет жртви во бомбардирањето на станбена зграда во близина на бегалскиот камп Нусејрат

Најмалку 14 лица загинаа, а десетици се повредени во текот на ноќта во напад на борбени авиони на израелската армија (ИДФ) врз станбена зграда јужно од бегалскиот камп Нусејрат во централниот дел на Појасот Газа.

Авиони на ИДФ го бомбардираа западниот дел на градот Газа и бегалскиот камп Џабалија во северниот дел на Појасот Газа, јавија палестински медиуми.

Медицински извори од Појасот Газа наведуваат дека повеќе од 35 илјади луѓе во Појасот Газа се убиени, а речиси 79 илјади се повредени во војната на Израел против Хамас од 7 октомври минатата година.

Back to top button
Close