Четворица загинати во сообраќајка во Бугарија, се судрија два мини-автобуси

Во тешка автобуска несреќа која се случи кај селото Гавраилово во Бугарија има најмалку четири жртви, а три лица се повредени.

Како што пишуваат бугарските медиуми, се случил директен судир на два мини-автобуса, откако едниот од возачите изгубил контрола и влегол соседната коловозна лента удрил во другиот автобус, по што се запалил.

Четворица починале на лице место, а еден се наоѓа на интензивна нега во живото загрозувачка состојба. Уште две лица од тешката несреќа се примени во болница со повеќекратни скршеници. Според bTV, тоа се работници од блискиот каменолом.

Back to top button
Close