Човечка грешка е водечка верзија за несреќата со српскиот автобус на автопатот Тракија

Бугарско знаме се развиори на споменикот на Гоце Делчев среде Македонија, поточно во Градскиот парк во Скопје.

Бугарските провокации продолжуваат од сите страни. Сега во главна улога е „Фондација Македонија“ од Софија. Членовите на ова здружение, ставајќи го бугарското знаме крај Гоце, се пофалија дека го исчистиле споменикот.

„Фондација Македонија повторно го исчисти споменикот на Георги Делчев во Скопје“, пишува „Фондација Македонија“.

Прв човек на оваа организација е Виктор Стојанов, кој во своето последно видео обраќање на Фејсбук се пофали дека веќе имале повеќе од 100 активисти, а повика и други да се приклучат.

Тој најави и дека деновиве во Македонија ќе пристигнеле луѓе кои ќе ја шират нивната кауза.

Back to top button
Close