Чулев со апел: Почитувајте ги мерките за ограничување на движењето. Дисциплинираноста и одговорноста се карактеристика на големите луѓе

Министерот за внатрешни работи, Наке Чулев, преку фејсбук апелираше граѓаните да ги почитуваат мерките за заштите и спречување на ширењет на корона вирусот.

🤚 Православните христијани утре празнуваат Задушница, а в недела го празнуваат слегување на Светиот Дух на Апостолите или помеѓу граѓаните познат како Духовден.

❗️Оваа година овие два големи и значајни празници ги одбележуваме во поинакви околности соочени со голем, знаечаен и сериозен предизвик – да го заштитиме сопственото здравје од вирусот Ковид 19.

🗣Свесен сум дека актуелната одлука за ограничување на движењето на граѓаните не е идеална, но таа треба да се почитува. Големата бројка на лица кои се носители на вирусот е факт кој не смееме да го игнорираме и занемариме. Но, таа бројка не обврзува и сите нас кои сме носители на јавни, и политички функции, одлуките кои ги носиме да бидат засновани на аргументи, а не на дневна политика, посебно оние одлуки кои се поврзани со заштита на здравјето на граѓаните.

 Сите ние сме одговорни за своето, но и за колективното здравје. Апелирам до граѓаните да ги почитуваат мерките за ограничување на движењето. Дисциплинираноста и одговорноста се карактеристика на големите луѓе и јас сум сигурен дека пред нас е време кога ќе можеме многу посигурно и побезбедно да ги одбележуваме убавите моменти, но и да изразуваме почит на оние кои не се помеѓу нас.

Back to top button
Close