Цистерна излета кај Дебар – сообраќајот во целосен прекин
Цистерна вечерва излетала од коловозот на патниот правец Ростуше – Дебар.
Како што соопшти АМСМ, сообраќајот е блокиран во двата правци од 22:10. Засега нема информации за евентуални повредени во сообраќајната несреќа.