ЦУК: 26 пожари се изгаснати изминатото деноноќие, активен е во охридските села Вапила и Сирула

Активен е пожарот кај охридските села Вапила и Сирула каде што гори борова дабова шума и ниска вегетација, соопшти Центарот за управување со кризи. Од ЦУК информираат дека на терен е едно противпожарно возило на ТППЕ – Охрид со тројца пожарникари и три лица на ЈП „Национални шуми“, подружница „Галичица“.

Според пресекот направен до 7 часот утринава преку дежурниот оперативен вентар на ЦУК, во текот на изминатото деноноќие биле изгаснати 26 пожари низ државата. Шест од пожарите биле во Скопје и околината.

„Во Студеничани с. Пагаруша – горела сува трева и е интервенирано со едно противпожарно возило и тројца пожарникари од 12.40 до 13.4 ; Ѓорче Петров – с. Орман горела сува трева и е интервенирано со едно противпожарно возило и тројца пожарникари од 15.40 до 16.45; Гази Баба – горела трска и е интервенирано со едно противпожарно возило и четворица пожарникари 19:40 до 20:40; Арачиново – горело ѓубре и е интервенирано со едно противпожарно возило и четворица пожарникари 21:40 до 23:0); Арачиново – горела сува трева и броило и е интервенирано со едно противпожарно возило и четворица пожарникари 22,25 до 23.55; Шуто Оризари – горела сува трева и ѓубре и е интервенирано со едно противпожарно возило и двајца пожарникари 23:50 до 00:40 часот“ информираат од ЦУК.

Според Извештајот на ЦУК останатите изгаснати пожари се во Тетово, Куманово, Прилеп, Битола, Демир Хисар,Дебар, Свети Николе, Штип, Струмица и Кавадарци.

 

Во Куманово Табановце с.Речица – сува трева и заштитен багремов појас и е интервенирано со едно противпожарно возило и двајца пожарникари од 16.20 до 23:00 на површина од 50 хектари и е ликвидиран. Куманово – с.Ропалцеи с.Никуштак – горело стрниште и е интервенирано со едно противпожарно возило и тројца пожарникари од 21:50 до 23:10. Во Куманово – нас. Бедиње горела ниска вегетација и е интервенирано со едно противпожарно возило и тројца пожарникари 19:50 до 20:27;Куманово – ул. „Моша Пијаде“, горела станбена зграда и е интервенирано со едно противпожарно возило и пет пожарникари од 20:45 до 21:30.

 

Битола – нас. Баир горело ѓубре и гуми и е интервенирано со едно противпожарно возило и двајца пожарникари 14:00 до 16:10; Битола – магистрален пат горела сува трева и ниска вегетација – ликвидиран.

 

Прилеп – Битола – Ресен, горело запалено ѓубре и е интервенирано со едно противпожарно возило и тројца пожарникари 20:40 до 21:35;Прилеп – с.Житоше горела ниска вегетација и е интервенирано со едно противпожарно возило, тројца пожарникари 12:34 до 14:20;Прилеп -Општина Долнени с.Дебреште горела сува трева и е интервенирано со едно противпожарно возило и шест пожарникари, едно теренско возило, четворица вработени од ЕЛС Долнени, двајца полицајци од ПС Ропотово и четири лица од месното население со два трактора, од 14.12 до 16.45 и е ликвидиран на површина од 4 хектари

 

Демир Хисар – с.Журче – горела ниска вегетација и капини и е интервенирано со едно противпожарно возило и еден пожарникар 10:10 до 10:45 на површина од 0.2 хектари

 

Тетово – с.Фалише горела ниска вегетација и е интервенирано со едно противпожарно возило и тројца пожарникари 13:50 до14:40; Мала Речица горела ниска вегетација – едно противпожарно возило и тројца пожарникари 16:30 до 17:10; с. Боговиње горела ниска вегетација и е интервенирано со едно противпожарно возило и тројца пожарникари 16:15 до17:30; с.Орачше изгорена куќа и е интервенирано со едно противпожарно возило и тројца пожарникари 17:28 до 18:30.

Гостивар – с.Неготино горела нива со жито ниска, вегетација, дрва покрај нивите и е интервенирано со две ПП возила и пет пожарникари од 13:07 до 16:10.

 

Кавадарци – поранешна „Јого Комерц“, горела ниска вегетација и е интервенирано со едно противпожарно возило и двајца пожарникари 06:20 до 08:00.

 

Свети Николе – с.Пошириво, горела ниска вегетација и ѓубре и е интервенирано со едно противпожарно возило и тројца пожарникари 12:10 до 13:55.

 

Штип – с.Аргулца, горела ниска вегетација и е интервенирано со едно противпожарно возило и тројца пожарникари.

Струмица – с. Фурка – борова шума и ниско деградирана шума и е интервенирано со едно противпожарно возило и тројца пожарникари и двајца вработени во ЈП „Национални шуми“ – подружница Кожув – 7.08.2022 од 9:30 на 9.08.2022 до 18.00, и е ликвидиран.

Дебар – с.Могорче – горела депонија и е ликвидиран.

Back to top button
Close