ЦУК: Магацин и неколку дуќани изгореа во големиот пожар во Чаир

Еден магацин и неколку дуќани утрово изгореа во голем пожар што избувна во општина Чаир, поточно во населбата Серава.

Информацијата ја потврди Центарот за управување со кризи (ЦУК) од каде што откриваат дека еден пожарникар е повреден и однесен на Токсикологија поради големо количество вдишен чад.

– Противпожарната единица на Град Скопје имаше поголема интервенција во урбана средина, поточно, во периодот од 01.50 часот гаснеше запален магацин на неутврдена површина на ул. Прохор Пчински во Скопје. Интервенцијата ја извршувале со 7 возила и со 20 пожарникари. На лице место освен единици од Противпожарната единица кои го гасат пожарот биле и полиција и Итна медицинска помош. Според утринскиот службен извештај од Противпожарната единица, еден пожарникар бил однесен на токсикологија поради големо количество вдишен чад. Општина Чаир. Во тек е интервенција за евакуација на станарите на зградата каде што е магацинот, а каде што потоа гореле и дуќани. Противпожарната единица на Град Скопје сѐ уште интервенира ги извлекува станарите, во моментот на информирањево, и по интервенцијата ќе излезе со официјални податоци – велат од ЦУК.

Back to top button
Close