Да ги вратиме ли укинатите профили?Маск ги анкетира твитерџиите

Елон Маск почна ново истражување за враќање на суспендираните кориснички профили на Твитер, користејќи го истиот метод како и во случајот со поранешниот претседател Доналд Трамп, пренесуваат француските медиуми.

„Дали Твитер треба да понуди општа амнестија за укинатите налози, под услов корисниците да не го прекршуваат законот и да не се впуштаат во скандалозно „спамирање“? Да/Не“, е прашањето на кое требаше да одговорат корисниците на Твитер.

Пет часа подоцна пристигнаа одговори од околу два милиона корисници, кои во огромно мнозинство гласаа „ЗА“, односно за повторно активирање на прекинатите сметки.

Back to top button
Close