Да се забрани увоз на возила постари од 10 години и со „ЕУРО 5“ мотори

Претставниците на О2 иницијативата побараа забрана за увоз на возила постари од 10 години и со „ЕУРО 5“ стандард, како и ограничување на увозот на нови возила со минимален „ЕУРО 6“ стандард. Ова барање е дел од напорите за намалување на аерозагадувањето во Македонија, кое предизвикува сериозни здравствени проблеми, особено меѓу децата.

Во барањето се нагласува дека постарите возила, кои испуштаат токсични хемиски супстанции како бензен и толуен, се посебно опасни, бидејќи овие емисии директно ги вдишуваат луѓето, а особено децата, кои се наоѓаат во близина на издувните гасови. Слични мерки веќе се имплементирани во земји како Босна и Херцеговина, Албанија и Црна Гора.

Претставниците на О2 иницијативата истакнаа дека и покрај економските придобивки од увоз на поевтини возила, здравјето на граѓаните треба да биде приоритет, а истакнаа и потребата од подобрување на јавниот транспорт, особено со електрични автобуси, како решение за загадувањето. ( Рацин)

Back to top button
Close