Далај Лама му напиша на новиот британски крал: Таа водеше живот полн со смисла

Далај Лама во писмо до новиот британски крал Чарлс изрази „длабока тага“ поради смртта на кралицата Елизабета и му порача дека неговата мајка „водела живот полн со смисла“.

– Се сеќавам дека видов фотографии од нејзиното крунисување во списанијата кога бев млад во Тибет. Нејзиното владеење како најдолговечен британски монарх претставува прослава, инспирација и чувство на континуитет за многу луѓе, напиша Далај Лама.

– Вашата мајка живееше живот полн со смисла со достоинство, силно чувство за служба и топло срце, квалитети што сите треба да ги негуваме, се вели во писмото.

Back to top button
Close