Дали ќе побара Ахмети оставка од Мерко, откако САД го прогласија “нон грата”? Еве што тврдат неофицијално во ДУИ!

Во ДУИ, партијата која го кандидираше Мерко во три мандати, велат дека се шокирани од одлуката на Стејт департментот, но ја почитуваат и ќе ја анализираат во наредните денови. Во изјава за Лидери.мк, високи извори во ДУИ велат дека во наредните денови се очекува средба на претседателот на партијата Али Ахмети со американскиот амбасадор или заменик амбасадор во Скопје. По тој состанок Ахмети ќе одлучи дали ќе бара оставка од Мерко од функцијста градоначалник и нови избори во Струга или не“, велат од ДУИ за порталот Лидери.мк.

Додаваат дека во случај Ахмети да побара оставка од Мерко, а овој одбие, постои можност и официјално да биде исклучен од партијата.
“Во тој случај Мерко може да го продолжи мандатот како непартиски градоначалник“, велат од ДУИ, појаснувајќи дека немаат правен механизам да го принудат Мерко да поднесе оставка, доколку не го направи тоа доброволно.
Запиши на Isen Saliu

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close