Дали Маск ќе го врати Трамп на Твитер ќе покажат анкетите што ќе ги прави

Илон Маск синоќа на Твитер објави анкета во која бара од корисниците да гласаат дали поранешниот американски претседател Доналд Трамп треба да биде вратен на страницата на социјалната мрежа откако претходните сопственици му забранија пристап.

Претходно вчера Маск објави дека не е донесена одлука за обновување на профилот на Твитер на поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Сметката на Трамп беше трајно суспендирана по немирите на Капитол Хил во јануари 2021 година.

Тој најави и дека на Твитер, социјалната мрежа што неодамна ја купи милијардерот Маск, ќе бидат обновени корисничките сметки на други контроверзни личности како Катија Грифин, Џордан Петерсон и конзервативниот сатиричен портал Babylon Bee.

„Новата политика на Твитер е слобода на говор, но не и слобода на дофат“, напиша Маск на Твитер, додавајќи дека негативните објави кои содржат говор на омраза ќе имаат намалена видливост и компанијата нема да заработува од нив.

Back to top button
Close