Дали во Германија се повторуваат 20′ од минатиот век?

Успехот на локалните избори на екстремно десничарската Алтернатива за Германија отвара застрашувачки детали од германската историја во 20 и 30 години од минатиот век. Во 1923 година Хитлер го прави првиот насилен обид да дојде на власт. Во 20’ години Нацистите се маргинална екстремистичка партија но економската криза и сложените геопоилтички констелации на Хитлер му овозможија победас на парлементарните избори во 1932 година. Еден вбек подоцна Алтернативата за Германија освојува најмногу гласови на локалните избори во Тирингија а во Саксонија се на второто место.

Кампањите на меинсттрим паертиите лево и десно од центарот против оваа екстермистичка партија која ја нарекуваат и нацистичка не успеаа да го спречат нивниот успех во Источна Германија каде што оваа партија станува се популарна.

Фактот дека истражувањата на јавното мислење покажуваат дека гласовоите ЗА АФД не се само гласови кои изразуваат протест и незадоволство од владеењето на владеачката коалиција предводена од социјал демократите. Секој втор гласач на АФД, според овие истражувања, својот глас за АФД го дал затоа што се согласува со пораките на екстремистите.

Полтичката криза и поларизацијата ќе се зголемува, особено во Тирингија, ќе се звголемува и поради фактото што изборниот резулатат речиси го блокира овој регион во Германија бидејќи ниту демохристијаните а уштѕе помалку социјал демократите можат да направат влада. Единствен начин да се избегне АФД е коалиција со екстремната левица предводена од поранешна членка на Комунистичката партија на Источна Германија. Екстремната левица пак , ја условува колацијата со укинување на воената помош од Германија за Украина која силно е поддржана како од социјал демократите така и од демохристијаните.
Успехот на радикалната левица е уште еден индикатор повеќе дека во Германија расте незадоволството од меинстрим партиите лево и десно од центарот. Зелените и либералите во Тирингија не успеаа да го прејдат ни прагот од 5 % за да бидат застапени во Парламентот.

Пред Германија е бурна полтичка година во која ќе се актуелизираат сеќавањата од пред точно еден век. Прашање е дали тие мемории ќе го охрабрат или обесхрабрат овој тренд на поддршка на екстремизмот.
Парламентарните избори се предвидени за точно една година од сега. Истражувањата на јавното мислење покажуваат дека АФД има подршка од 18 % од гласачите со што , доколку се задржат овие трендови, ќе стане втора политичка сила во германскиот Бундестаг.

Борјан Јовановски

Back to top button
Close