Данас: Вулин наскоро ќе биде сменет од функцијата директор на БИА
Александар Вулин наскоро ќе биде сменет од функцијата директор на БИА, објави „Данас“. Според нивниот извор од власта, нов директор ќе биде некој од редовите на СНС, додека негов заменик ќе биде од редовите на социјалистите.
Досега Вулин работеше без заменик. Се уште не е познат точниот датум на именувањето, но ќе биде наскоро, објави „Данас“.
Александар Вулин речиси и не се појавуваше во јавноста, а во општествените кругови на големо се зборува дека неговото место во Безбедносно-информативната агенција ќе го замени Марко Ѓуриќ, актуелниот амбасадор на Србија во САД, наведува медиумот.
Вулин застана на чело на БИА на 2 декември лани, со свечено примопредавање на должноста меѓу него и министерката за внатрешни работи Братислава Гашиќ, со што тие всушност ја сменија функцијата.
На почетокот на јули, Вулин беше ставен на листата на санкции на Министерството за финансии на САД.