Данела искоси ја тревата околу владата. Техничкиот премиер Џафери ја повика Арсовска

Техничкиот премиер Талат Џафери на претставувањето на отчетот од 100 дена техничка влада ја повика градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, што побргу да нареди косење на обраснатата трева во кругот на владината зграда.

Зградата на Владата е обрасната со трева висока над еден метар. Целиот двор на Владата личи на џунгла и на никого не му пречи тоа, а тоа не беше направено сѐ до денес, иако подолго време траат повиците.

– Дворот на Владата е во надлежност на Град Скопје и ЈП Паркови и зеленило. Ние ниту можеме ниту смееме да се мешаме во тие надлежности. Затоа да реагира градоначалничката, за која видовме со колку гласови помина на изборите – рече Џафери.

Back to top button
Close