Даниела Алексовска е трета на светската ранг-листа во ММА
Македонската репрезентативка Даниела Алексовска, членка на клубот “Д Стронгест”, официјално е рангирана како трета во светот во категоријата јуниори -52.2 кг. Ова е историски успех за Даниела, Македонија и нејзините тренери, Ивица Алексовски и Стефан Пецевски.
Со освоениот златен медал на Европското ММА првенство 2025, Даниела не само што се запиша во историјата на македонскиот спорт како прв европски првак во женска категорија, туку и ѝ донесе вредни поени на светската ММА ранг-листа на Меѓународната ММА федерација (IMMAF).
Во изминатата година, Даниела имаше вкупно 10 борби, од кои забележа 8 победи. Покрај тоа, таа освои бронзен медал на Светското ММА Првенство 2024 во Ташкент, Узбекистан, и сребрен медал на Европското Првенство 2024 во Белград, Србија.
Ова рангирање е доказ дека нашите борци се меѓу најдобрите на светската сцена, особено ако се земе предвид дека Даниела и нејзиниот тим направија транзиција во ММА спортот пред помалку од една година. Даниела претходно се натпреваруваше во повеќе боречки спортови, а нејзината главна основа е бразилска џиу-џица (БЏЏ), во која има освоено вкупно 120 медали, од кои 93 златни. Таа е национален и балкански шампион во БЏЏ веќе 12 години.
Официјална Светска ММА РАНГ-ЛИСТА: https://immaf.org/athletes/rankings/