ДДВ за дизелот останува 18 проценти, се проверува дали компании прават реекспорт на горива во соседството
Во овој момент остануваме на мерката намалено ДДВ на 10 отсто за бензините 95 и 98, како и на мерката намалени акцизи.

Дизел горивото од понеделник очекувам да биде поевтино, а ДДВ за него ќе остане 18 проценти. По напорни и тешки преговори со „Окта“ успеавме да го продолжиме попустот што претходно беше договорен – дополнителни два денари по литар за бензините и три денари за литар дизел. И тоа ќе трае до 18 мај. Дотогаш имаме договор, а за потоа ќе видиме.
Се надеваме дека ќе заврши кризата и дека ќе можеме да влеземе во нормална состојба, но да почекаме. Важно е дека попустите продолжуваат за сите компании што добиваат бензини и дизел од „Окта“- рече денеска премиерот Христијан Мицкоски






