Дејан Манасков нов ракометар на Вардар 1961


Долгогодишниот македонски репрезентативец Дејан Манасков ги засили редовите на актуелниот шампион Вардар 1961 и се врати во „црвено – црниот“ дрес по пауза од шест години.

Манасков се враќа во актуелниот македонски шампион од редовите на унгарски Веспрем каде со успех настапуваше изминатите неколку сезони, како еден од најдобрите стрелци со 540 голови на 160 натпревари.

Претходно Манасков настапуваше за Борец Велес, Металург, Вецлар и Рајн Некар.

– Вардар добива брз, прецизен и искусен играч со големо меѓународно искуство со што екипата повторно гради силен, респектабилен и конкурентен тим и за следната сезона, соопшти попладнево македонскиот шампион.

Back to top button
Close