Де Сантис води во анкетите пред Трамп како можен претседателски кандидат на републиканците

Гувернерот на Флорида, Рон Де Сантис, има предност од 23 поени пред поранешниот претседател Доналд Трамп во анкетата на потенцијалните републикански кандидати за следните претседателски избори во САД во 2024 година.

Денеска објавените резултати од заедничката анкета на Универзитетот Сафолк и Ју-Ес-Еј Тудеј покажаа дека Де Сантис доби значително поголема поддршка од гласачите, меѓутоа, во друга анкета спроведена од агенцијата „Морнинг Консултантс” (Мorning Counsel) Трамп има предност од 18 поени пред Де Сантис, пренесува лондонски Гардијан.

Дејвид Палеологос, директор на Центарот за политички истражувања на Универзитетот Сафолк, во интервју за „Ју-ес-еј Тудеј” вели дека републиканците и независните конзервативци „сè повеќе го посакуваат Трампизмот, но без Трамп”.

Анкетата покажа и дека во еден имагинарен реванш со Трамп, актуелниот американски претседател, Џо Бајден, ќе победи на изборите со разлика од седум отсто, 47 наспроти 40 отсто, додека Де Сантис би го победил Бајден со разлика од четири отсто, 47 наспроти 43 проценти.

Бајден (80) изјави дека за време на божиќните празници ќе донесе одлука дали ќе се кандидира и на следните избори

Back to top button
Close