Дебата за државната матура во организација на собранискиот Клуб за младински прашања и политики

– На иницијатива на собранискиот Клуб за младински прашања и политики, во Парламентот денеска ќе биде органзиирана јавна дебата за концептот и начинот на полагање на државната матура.

На дебатата ќе присуствуваат и претставници на Сојузот на средношколци кои бараат измени на актуелниот концепт односно да полагаат два наместо четири предмети на државната матура, како и скратени програми по сите предмети.

Во понеделникот тие го прекинаа привремено бојкотот во очекување одлука во Собранието каде што е доставен Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за средно образование, а во вторникот на нивно барање имаа средба со премиерот Зоран Заев.

Владината прес-служба по средбата соопшти дека премиерот Заев изразил поддршка за средношколците и истакнал дека Владата е „отворена низ дијалог да разговара за изнаоѓање заедничко компромисно решение, кое е во полза на матурантите, со цел нивно квалитетно образование и во средното и понатаму во високото образование“.

Back to top button
Close