Тешка сообраќајка на патот Дебар-Маврово, двајца повредени   

На 04.05.2024 во 11.45 часот во Полициска станица Дебар било пријавено дека на регионалниот пат Дебар-Маврово, кај Мелнички мост, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од Н.О.(58) од с.Долно Косоврасти, дебарско и патничко возило „фолксваген тигуан“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од М.Е.(20) од с.Жировница.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.О., а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник од патничкото возило „фолксваген тигуан“, констатирани во Општата болница во Дебар. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Дебар

Back to top button
Close