Направена е неправда на „Европскиот фронт“, одлуката за прегласување ќе се дискутира на состанокот на ДУИ, рече Ахмети

Оваа ситуација не доведе до состојба да повикаме ургентен состанок на претседателството, по кој ќе следат и средби со експерти, за оваа неправда која е направена на „Европскиот фронт“, порача лидерот на ДУИ Али Ахмети, пренесува МИА. Изјавата на Ахмети е пред почетокот на состанокот на кој според најавите ќе се дискутира за конечната одлука за прегласување на седум избирачки места, откако Управниот суд ги одби тужбите на „Европскиот фронт“ како неосновани во однос на решенијата на Државната изборна комисија.

„Овој момент доаѓа по анализа на одлуките на ВМРО и СДСМ за повторување на изборите на овие изборни места, со цел да се спојат за ’Европскиот фронт’ да не биде втора сила во земјата. Ова е направено од двете најголеми партии од македонска националност, од кои политикиза жал се плашиме дека ќе има влијание и на меѓуетничките односи кои ние не ги посакуваме, “рече Ахмети.

Според Ахмети прегласувањето има ризична позадина која нема да се реализира.

„Ние ќе правиме анализа. Исто така ова повторување што ќе се прави, се прави со една ризична позадина ние Албанците да се убиеме, како што се случи на едно изборно место во Општина Желино, тоа не го посакуваме, ниту пак ќе се случи. Ако некој има стратегија да пукаме ние Албанците меѓу себе, нема да се реализира,“додаде претседателот на ДУИ.

 

Back to top button
Close