Дефект на локалитетот „Штипско езеро“ остави 20 отсто од домаќинставата без вода за пиење

 Високите зони во градот Штип речиси една ноќ немаат вода за пиење.

Директорот на ЈП „Исар“ – Штип, Живко Тасев за МИА вели дека станува збор за голем дефект на кабелот за напојување на пумпите за бунарскиот систем на локалитетот „Штипско езеро“.

– Екипите работат на санирање на дефектот, кој се случи вчера доцна попладне. Кога ќе биде сменет кабелот, граѓаните ќе бидат информирани, бидејќи откако пумпите ќе почнат да работат, ќе треба период да се наполнат резервоарите во Филтер станицата, истакна Тасев.

Тој посочи дека заради овој голем дефект околу 20 отсто од домаќинствата немаат вода за пиење, а жителите во населбите во високите зони денеска со вода за пиење се снабдуваат од цистерни на ЈП „Исар“. 

Back to top button
Close