Кредит од 1милијарда од странска влада најавува Мицковски.. Во ТИРЗ ќе дошле две инвестиции ама прво да го сменат директорот, социјалдемократот Деспотовски

Во првите 100 дена од идната влада можам да кажам дека имаме многу амбициозна агенда за која веќе се подготвуваме, но не сакавме да ја експлоатираме во кампањата. Денеска кога веќе се е завршено, можам да кажам дека веќе е завршена и една озбилна странска инвестиција, во делот на енергетиката.

Ова синоќа во гостување на Канал 5 го рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, додавјќи дека најавува и еден финасиски пакет на соработка влада со влада во вредност од една милијарда евра.

Како што посочи тој, ќе бидат донесени и други две странски инвестиции, за кои што додаде дека е услов да си замине сегашниот директор на ТИРЗ Јован Деспотовски, зашто, како што додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, му било речено дека имале лошо искуство од него за да дојдат и да инвестираат во земјава.„Можам да најавам еден финансиски пакет во соработка влада со влада во вредност од 1 милијарда евра, со исклучително поволни услови. Со добар грејс период со исклучително атрактивна каматна стапка. Со две други странски инвестиции кои што би биле во зоните, но услов е овој директор кој што е таму и претседател на СДСМ во најава да замине, бидејќи се навистина со лошо искуство од него да дојдат да инвестираат во Македонија кои што се исто така прилично атрактивни и ценам дека еден ваков финансиски бран ќе биде само дел од оној процес за кој што зборувам цело време, а тоа е како да донесеме надеж“,

рече тој.

Back to top button
Close