Демант од Еразмус: Немаме проект со битолското училиште чии директори беа во Софија

Националната агенциија за образовни програми демантира дека училиштето Ѓоѓи Наумов од Битола досега има добиено грант од „Еразмус“. За ТВ 24 од Агенцијата велат дека посетата не била во рамки на програмата Еразмус ниту пак фондацијата Бугарска Меморија можела да биде партнер на македонската програма на Еразмус.

Ова доаѓа откако вчера директорката на Битолското техничко училиште Жанета Сервини тврдеше дека таа и заменикот биле во Бугарија за да воспостават Еразмус соработка со училишта во Софија..

На прашање од телевизија 24 до општината, дали тие евентуално издале налог за патуањето на директорите од средното техничко училиште и кој ги покрил трошоците за тоа да се реализира од општинатаа велат дека тоа е во исклучива надлежност на раководствата на училиштата, зависно од нивните планови, програми за работа, како и потенцијалните можности за сорботка и реализација на заеднички проекти и програми

– По враќањето од Бугарија, директорката Сервини, информираше во општина Битола, дека, имајќи предвид дека во изминатиот период на претходната локална самоуправа, во училиштето веќе имаше донација од бугарска амбасада во вредност од 133.000 евра, веќе воспоставената соработка била искористена како можност и за воспоставување на нова соработка во рамките на Еразмус + програмата, во која програма досега училиштето не било вклучено. Нагласуваме дека не се работи за средношколци од ниту едно општинско училиште, туку само директорот и заменикот,  одговорија од општината.

На веб сајтот на фондацијата „Бугарска меморија“ вчера осамна дека млади од Битола биле присутни во Бугарија, без конкретно да се наведе од кое училиште се дојдени. Партиските ограноци на СДСМ и Левица побараа оставка од диркетрката Сервини.

извор :тв 24

Back to top button
Close