Денеска ќе биде облачно со повремен дожд

Денеска нè очекува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, особено во попладневните и вечерните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималните температури во земјава ќе се движат во интервал од 2 до 9 Целзиусови степени, а максималните ќе достигнат од 7 до 14 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Облачно време со повремени врнежи од дожд денеска се очекуваат и во главниот град. Минималната температура во Скопје ќе биде 7, а максималната ќе достигне 12 Целзиусови степени.

Според најавите на УХМР, облачното и дождливо време ќе се задржи и утре.

Back to top button
Close