Денеска е погребот на Низама Хеќимовиќ – жртва на фемицид од БиХ

Низама Хеќимовиќ (38) која во петокот беше убиена од нејзиниот невенчан сопруг Нермин Сулејмановиќ денеска во 16 часот и 30 минути ќе биде испратена кон вечното почивалиште во Мионици-Крчевина.

Погребот ќе биде во џамијата во истата населба, пишува „Дневни аваз“.

Низама зад себе остави татко, мајка, сестра и ќерка која беше сведок на грозоморното убиство.

Потсетуваме, Нермин Сулејмановиќ ја уби Низама откако го пријавила во полиција за семејно насилство. Полицијата не ја заштити од убиецот.

Тој на социјалните мрежи го пренесуваше убиството на Низама, а потоа продолжи со крвавиот пир во кој уби вкупно тројца и рани уште три лица.

 

Back to top button
Close