Дерменџиев: Човечката грешка останува водечка верзија на сообраќајната несреќа на српски автобус во Бугарија

Вршителот на должноста министер за внатрешни работи на Бугарија Иван Демерџиев потврди дека главната верзија за несреќата со српскиот автобус на автопатот Тракија останува човечка грешка, јави дописникот на МИА од Софија.

Според Дерменџиев, такви биле првичните податоци и тие се потврдени во текот на истрагата. Сепак, тој повика да се почека конечниот заклучок на истражителите за инцидентот.

Повредените деца денеска ќе бидат пренесени во Србија, а бугарското МВР ќе обезбеди нивна придружба до граница. По завршувањето на процесно-истражните дејствија, полнолетните лица на ист начин ќе бидат спроведени од локалната полиција и со превоз обезбеден од бугарската држава.

Back to top button
Close