ДеСантис со критика за обвинението против Трамп: Тоа е неамерикански

Гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис, го критикуваше обвинението против Доналд Трамп и вети дека државата нема да помогне во неговото испорачување на правдата, иако извештаите сугерираат дека поранешниот претседател планира доброволно да им се предаде на властите во Њујорк.

ДеСантис, кој се очекува да го предизвика Трамп за републиканската претседателска номинација подоцна оваа година, претходно имаше изјавено дека на никаков начин нема да се меша во обвинението за Трамп и тогаш поддржувачите на поранешниот претседател го обвинија за нелојалност.

Одлуката на републиканскиот гувернер да го критикува обвинението на Трамп го вброи меѓу големиот број други републиканци кои застанаа на страната на Трамп.

„Користењето на правниот систем за постигнување политички цели го врти владеењето на правото наопаку. Тоа е неамерикански“, напиша ДеСантис на Твитер, пренесе Политико.

„Окружниот обвинител на Менхетен, кој е поддржан од Сорос, постојано го заобиколуваше законот за да ја намали бројката на кривични дела и со тоа да го оправда своето недолично однесување. Меѓутоа, сега тој го проширува законот за да таргетира политички противник. Флорида нема да помогне во барањето за испорачување со оглед на сомнителните околностите поврзани со овој обвинител на Менхетен, поддржан од Сорос, и заради неговата политичка агенда“, додаде Де Сантис.

Според законот на Флорида, гувернерот може да интервенира во случајот доколку се оспори испорачувањето. Меѓутоа, адвокатите на Трамп навестија дека Трамп ќе се предаде.

Со големо внимание се очекуваше ставот на ДеСантис за обвинението, бидејќи во последните неколку недели тој влезе во серија вербални конфликти со поранешниот американски претседател.

Back to top button
Close