Десет млади ракометари од Бурунди дојдоа во Хрватска на Мундијал, а потоа исчезнаа

 

За немилиот настан официјално се известени надлежните полициски служби и започната е потрага и покрај тоа што ваквите настани формално се третираат како исчезнување на лице/лица дури по 24 часа.

 

– Ние сме во целосен шок. И ние и родителите на нашите репрезентативци, со кои сме во постојан контакт. Ги молиме сите што можат да ни помогнат да ги најдеме нашите момци. Не знам ни како би се вратиле дома без нив, рече претседателот на Ракометниот сојуз на Бурунди.

 

Натпреварот меѓу репрезентациите на Бурунди и Бахреин, кој требаше да се одигра денеска беше откажан, односно регистриран со службен резултат 10:0 за Бахреин.

 

Back to top button
Close