Десетгодишник стои зад дојавата за бомба во црногорското Собрание

Минатата недела поради закана за бомба беше евакуирана зградата на Собранието во Подгорица каде во тој момент требаше да се одржи состанок на Општинскиот комитет на Демократската партија на социјалистите. Поради средбата во зградата бил и лидерот на таа партија и претседател на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.

На белешката пишувало „Сите ќе ве разнесам“, а сега излегува дека пораката ја испратил 10-годишник, пишува црногорски „Вијести“, што неофицијално го потврдија и од полициската управа.

Наводно, момчето напишало ден пред да биде пронајдена пораката, а пораката ја пронашол обезбедувањето. Момчето наводно ја напишало пораката и ја оставило додека го чекал татко му, кој влегол во зградата, да ги заврши обврските за кои дошол. Таа зграда беше евакуирана и прегледана во вторник на 28 февруари.

Back to top button
Close