Десетици илјади Палестиници бегаат од Рафа

Десетици илјади раселени Палестинци ги спакуваа своите шатори и други работи и бегаат од Рафа во други делови на Појасот Газа поради заканата на Израел од инвазија на градот, јави Бета.

Израел постојано се закануваше дека ќе го нападне Рафа, каде засолниште побараа околу 1,3 милиони Палестинци, повеќе од половина од населението во Газа.

Еден од раселените кажа дека не знаат каде да одат.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа изјави дека американската закана дека нема да достави одредено оружје нема да го спречи Израел да продолжи со офанзивата во Појасот Газа.

Во текот на оваа недела израелските сили започнаа ограничена операција во која го зазедоа граничниот премин Рафа од палестинска страна и го блокираа влезот на хуманитарна помош.

ОН објавија дека северниот дел на Појасот Газа веќе е во состојба на „тотален глад“.

Израел смета дека Рафа е последното упориште на борците на палестинското движење Хамас и дека армијата мора да влезе во градот за да го уништи движењето и да ги врати заложниците кои беа киднапирани на 7 октомври.

Back to top button
Close