Десетици луѓе неколку часа беа заробени во тунелот под Ламанш

Десетици луѓе беа заробени неколку часа во тунелот под Ламанш откако запре возот што патуваше од Кале до Фокстон, јавува Би-Би-Си.

Според снимките што се појавија на социјалните мрежи, патниците го напуштиле возот и биле евакуирани преку тунел за вонредни ситуации.

Патниците потоа биле транспортирани до терминалот во Фокстон, Кент.

Компанијата која управува со возовите под Ламанш соопшти дека алармите на возот се активирани и дека во тек истрага.

Back to top button
Close