Десетти протест „Србија против насилството“ во Белград, блокади и во други градови во Србија

Десеттиот протест Србија против насилството, освен во Белград, денеска се одржа и во други градови во Србија со блокада на сообраќајот, .
Протестот во Белград, почна од платотото пред Народното собрание, од каде граѓаните со блокада на собраќајот по централните улици Таковска и Цвијиќева, дојдоа до Полициската управа на булеварот „Деспот Стефан“, со изразување подршка на сите „чесни полицајци“. За вечерва се најавени протести и во Нови Пазар, Краљево и Крагуевац.
Вчера протести против насилството се одржаа во повеќе градови во Србија, во Нови Сад, Ниш, Јагодина, Зрењанин, Горњи Милановац, Шабац, Зајечар, Врање, Чачак, Пирот, со што од 1 јули од Белград, протестите се проширија низ цела Србија, каде покрај главото барање, во другите градови беа упатувани и барања за локални проблеми.
Барањата на протестот се: смена на Советот на РЕМ (Регулаторно тело за електронски медиуми), затворање на печатени медиуми и таблоиди кои објавуваат лажни вести, невистини и континуирано го кршат новинарскиот код, одземање на националните фреквенции од телевизиите кои ги залудуваат граѓаните, трујат и промовираат насилство, како што се Пинк и ТВ Хепи, оставка на министерот на полицијата Братислав Гашиќ и шефот на безбедоносната агеција Александар Вулин, итно укинување на програмите кои промовираат насилство, неморал и агресија на телевизиите со национална фреквенција, како што се реалните шоуа.
Проевропската опозиција технички ги организира овие граѓански протести кои започнаа по масовните убиства во белградското училиште „Владислав Рибникар“ и селата Дубона и Мало Орашје во општините Младеновац и Смедерево, додека десничарската опозиција ги подржува и учествува на нив.
Деновиве опозицијата во повеќе наврати постави и политички барања, како што се одржување на изборите за град Белград






