Дете во Сараево продава чај за да им помогне на жртвите од земјотресите во Турција и Сирија

Бенјамин Механовиќ, 12-годишно момче кое живее во главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево, продава чај за да им помогне на турските и сириските жртви од земјотресот.

Тој го продава напитокот на мал штанд на улиците на областа Добриња во главниот град за да им помогне на погодените од смртоносните потреси што на 6 февруари ги погодија југоисточна Турција и северозападна Сирија.

На прашањето од каде му е идејата за штанд за чај, тој рече: „Кога на телевизија ги видов земјотресите во Турција и Сирија добив идеја да поставам штанд за чај. Ги поканив и моите пријатели да ми се придружат и предложив собраните пари да ги донирам на локалната хуманитарна организација или да ги искористам за купување на потребните производи за бебиња“, изјави малиот Механовиќ за агенцијата „Анадолија“.

Откако ја започнал сопствената кампања за помош, досега собрал 100 евра.

„Со парите што ги собрав првиот ден купив бебешки производи, а вториот ден донирав на хуманитарната организација“, додаде тој.

Механовиќ рече дека му е многу жал за децата и бебињата погодени од земјотресот и додаде: „Некои не сакаа да го пијат чајот, туку само сакаа да помогнат“.

На 6 февруари два силни земјотреси ја погодија Турција.

Потресите со јачина од 7,6 и 7,7 степени според Рихтеровата скала беа со епицентар во Кахраманмараш и погодија уште девет провинции.

Back to top button
Close